Филипче од маршот: Антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, порача дека антифашистичкото наследство нè обврзува да ја вратиме државата во служба на народот. Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните









