Трамп: Можеби ќе мора повторно да го нападнеме Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали САД ќе продолжат со воените напади врз Иран, со цел да спречат обновување на иранската нуклеарна програма. По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп изјави дека Вашингтон веќе ги постигнал своите цели во Иран, но не ја исклучи можноста за нови воени операции









