Дончиќ направи трипл-дабл за само 19 минути, победнички камбек на Јокиќ
Богатата вечер во НБА лигата ја одбележа неверојатната партија на Лука Дончиќ кој со 37 поени, 13 асистенции и 11 скока го предводеше ЛА Лејкерс до победа над Вашингтон од 142-111, а воопшто не влезе во игра во последната четвртина. Она што го направи Лука во првото полувреме ретко се гледа. Тој за само 19 минути игра направи трипл-дабл и имаше 26



