Прва радост и за КК Скопје, победа над Струмица
КК Скопје ја оправда фаворитската улога и ја совлада Струмица со 83:68 во последниот вечерашен меч од тековното коло во домашниот кошаркарски шампионат. Најзаслужен за победата беше Камерон Џонс, кој постигна 32 поени и беше убедливо најефикасниот кошаркар на натпреварот. Покрај Џонс, значаен придонес во победничкиот состав имаше и Паркер со 21 поен,

