Стефковски ѝ се закани на советничка од Левица со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“велат од оваа партија
Градоначалникот Бобан Стефковски, денес, на седница на Советот на Гази Баба, и се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска, со зборовите „Пази што зборуваш, да не ти се десат Оки и Жила“, реагираат од Левица. „Оваа закана, која патем беше два пати упатена, недвосмислено наведува на ликвидација, односно она што им се случи на Оки и Жила.









