Како да му помогнете на вашето дете да го надмине стресот во училиште
Почетокот на учебната година за многу деца не значи само нови тетратки, наставници и обврски. По два месеци поопуштен ритам, враќањето на раното станување, часовите, домашните задачи и поголемиот број правила може да предизвика раздразливост, плачење, отпор или нагли промени во однесувањето. Таквата реакција не мора веднаш да значи дека детето е непослушно


