Солистички рецитал на пијанистката Дуња Иванова во Салон 19.19
„Ехо на несвесното“ е насловен солистичкиот рецитал на пијанистката Дуња Иванова што ќе се одржи вечерва во 20 часот, во Салон 19.19 на Културно-информативниот центар во Скопје. Програмата обединува дела од различни стилски и временски периоди, поврзани преку идејата за музиката како простор на сеќавања, асоцијации и внатрешни светови. Влезот е слободен









