Розалиа од Кавадарци: „На синот на 5 години му дијагностицираа дијабетес - тоа не е последица на јадење благо“
„Откако Андреј доби дијабетес тип 1, многу нешта се променија. Не само во неговиот живот, туку и во животот на целото наше семејство. Деновите добија нов ритам. Секој оброк бара планирање, секоја активност носи дополнителна грижа, а секојдневието стана исполнето со мерења, броеви, пресметки и постојана будност“, вели Розалиа Митрев. Розалиа Митрев

