Дрво падна врз туристи на плажа во Хрватска, повредени четири лица
Борово дрво падна врз туристи на плажата Балустрада во Цриквеница, Хрватска, јавува „Вечерњи лист“. Повредени се две деца и две возрасни лица. Според информациите од надлежните служби, ниту едно од повредените лица не е животно загрозено, а тие се пренесени во Клиничкиот болнички центар Риека. Уште неколку лица со полесни повреди биле згрижени на местото







