Љутков: Кино „Партизан” со години беше запуштен објект, денес гледаме дека работите се одвиваат со добра динамика
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојуваше во работна посета на Битола каде, заедно со градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид во повеќе капитални проекти од областа на културата и заштитата на културното наследство. Посетата започна со работна средба во Општина Битола, на која беа разгледани актуелните и идните проекти










