Инвестиции од 3,3 милијарди евра: Владата воведува нов систем за избор и следење на капитални проекти
Можност за реализација на јавни инвестиции во вредност од 3,3 милијарди евра во наредните пет години беше презентирана на седница на Комитетот за јавни инвестиции, новоформирано тело кое ќе ги селектира и следи капиталните проекти од стратешко значење. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со ова започнува нова пракса во управувањето со јавните










