Меџити и Ѓорѓиевски на терен: Чаир добива нов модерен булевар со велосипедски патеки и зеленило
Значаен инфраструктурен проект за Општина Чаир влегува во фаза на реализација. Модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“ претставува важен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и создавање пофункционална и побезбедна сообраќајна мрежа за граѓаните. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,










