Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче
Македонската судијка со знакот на ФИБА, Ема Никочевиќ, повторно судеше кошаркарски натпревар и започна ново поглавје, не само во кошарката и судењето, туку и во животот. Таа синоќа судеше пријателски натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија што се играше во СРЦ „Кале“. Тоа беа 40 минути со кои таа ги остави зад себе сите