„Денес – тишина, нема концерт, не ни дозволија да продолжиме со она што го започнавме со толку љубов и мака“: Најдобриот другар на Тоше за концертите пред неговата Спомен-куќа
Добивај вести на Viber 5 октомври останува еден од датумите што засекогаш ќе има посебно место во сеќавањата на сите кои го сакаа Тоше Проески. На овој ден во 2007 година, на Градскиот стадион во Скопје, Тоше го одржа својот последен концерт – вечер исполнета со музика, емоции и љубов од илјадници негови обожаватели.










