Алкараз го „збриша“ Пол и закажа полуфинале со Мусети
фото: Diario Sport (X) Во Париз вечерва заврши и вториот четвртфинален натпревар на Отвореното првенство на Франција, во кој 12-тиот рекет во светот, Американецот Томи Пол немаше сили да направи изненадување во дуелот со вториот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз Алкараз во едно доминантно издание славеше во три сета со 6:0, 6:1, 6:4.