Пијан мопедист заврши во болница по излетување од пат кај Дојран
Ноќта на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на потегот „Калдрма“, 22-годишниот Д.Б. од Нов Дојран изгубил контрола врз мопед „Хамачи“ и излетал од коловозот. Во незгодата се здобил со телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Гевгелија. Полициската контрола покажала дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени 1,60 промили







