Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин на огнот и продолжување на војната преку Израел
Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран се многу јасни и САД мора да изберат дали сакаат прекин на огнот или не, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи. „Иранско-американските услови се јасни и експлицитни. САД мора да изберат, или ќе има прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел.







