Српскиот филм „Југо Флорида“ – најдобар на „Синедејс“, специјално признание за актерот Андрија Кузмановиќ
Филмот „Југо Флорида“ во режија на Владимир Тагиќ ја освои наградата за најдобар филм на 24. Фестивал на европски филм „Синедејс“. Наградите беа врачени синоќа, со што беше затворено ова издание на фестивалот. „Југо Флорида“ е реалистичен филм кој тивко бара зрно надеж во сивиот секојдневен живот. Гради свет кој понекогаш се чини дека постои на границата









