Димитриеска-Кочоска: Половина од уплатените средства за солидарниот данок ќе ги вратиме во март
Компаниите што во 2023 година уплатиле средства во буџетот по основ на Законот за данокот на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието поставено од пратеникот Љупчо Пренџов. Министерката










