Сообраќајот по делумно влажни коловози, без задржувања на граничните премини
Сообраќајот на магистралните и регионалните патишта е вообичаен, на коловози кои на одредени места се влажни, информираше утринава Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на движење по сообраќајниците надвор од урбаните зони е умерен. На граничните премини, од наша страна, не се забележуваат подолги застои при влез и излез од земјава. АМСМ










