Илјадници граѓани протестираа во Грција поради условите во образованието и високите трошоци за живот
Илјадници ученици, студенти и наставници денеска излегоа на протести низ Грција, барајќи поголеми вложувања во образованието, подобри услови во училиштата и на факултетите. Според полициските податоци, околу 10.000 лица мирно протестирале во центарот на Атина и нејзините предградија, а протести се одржале и во други грчки градови. Демонстрантите изразиле









