МЗТ Скопје го освои Суперкупот
Екипата на МЗТ Скопје го освои Суперкупот „Драган Василов – Цевка 2026“, откако во Куманово го совлада истоимениот домашен тим со 70:68. За МЗТ Скопје Аеродром ова е деветти трофеј во Суперкупот и вкупно 36-ти во својата историја. Вечерашниот натпревар беше со неизвесен крај. Домаќините го имаа последниот напад, но не успеаја да реализираат за нерешено










