Судир за дата-центрите, СДСМ: Опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ: Знаат само за марихуана економија, само шират паника
СДСМ ја обвини Владата дека процесот за привлекување инвеститори за изградба на дата-центри се одвива нетранспарентно и зад затворени врати. На прес-конференција, Маја Борозан од СДСМ рече дека премиерот Христијан Мицкоски јавно зборува за отворен и транспарентен процес, додека, како што тврди, Владата преговара со пет до шест потенцијални инвеститори








