Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар. Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. „Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност









