Руте: Нема консензус за членство на Украина во НАТО во овој момент
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е уверен дека американските напори за завршување на војната во Украина ќе вродат со плод. „Сите работиме на завршување на војната против Украина со праведен и траен мир. Ги поздравуваме напорите на Соединетите Американски Држави и сум убеден дека овие напори ќе доведат до мир во Европа“, рече Руте








