Кугларите поразени од Австрија во четвртфиналето на СП
Македонската кугларска репрезентација е поразена во четвртфиналето на Светското екипно првенство во Унгарија. Денеска нашите куглари во дуелот со бранителот на титулата Австрија загубија со 7:1 и не успеаја да направат сензација со пласман во борбите за медал. Австрија покажа нова доминантна партија во која само Урош Штоклас успеа да освои еден поен