Испукани куршуми кон жител на Сарај – истрагата во тек
Во скопското село Сарај, вчера попладне биле испукани неколку куршуми кон 28-годишниот А.А. од истото село. Настанот го пријавил самиот тој во 19:00 часот во СВР Скопје, наведувајќи дека неколку лица пуканале во негов правец, но за среќа не бил повреден. За случајот веднаш бил информиран јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје








