Враќањето на старите имиња на улиците во Тетово – Касами: Одлуката на Уставниот суд е административна
Одлуката на Уставниот суд за враќање на некои стари имиња на улици во Тетово, променети во 2006 година, според градоначалникот Билал Касами, е само административна одлука, бидејќи според него, ДУИ завршила половична работа. -Уставниот суд заврши административна работа, тие имиња беа споменати и од општината, тие никогаш не биле во службена употреба,










