„Пинокио“ од Битолскиот театар гостува во Штип и Скопје
Претставата „Пинокио“ на НУ Народен театар Битола денеска гостува на 14. фестивал за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип. Претставата ќе биде изведена во два термини на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“. По гостувањето во Штип, „Пинокио“ в сабота ќе биде изведен на матичната сцена во Битола, а на 14 октомври ќе гостува во Скопје, во рамки










