Втор ребаланс на буџет – се кратат и приходите и расходите за по 86,2 милиони евра
Владата по втор пат годинава ја прекрои државната каса. Се кратат и приходите и расходите во буџетот за по 86,2 милиони евра. Според министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот, туку е усогласување на буџетските проекции со новите економски услови до крајот на годината






