Прегазен пешак во Битола
На 07.01.2026 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Столарска” во Битола, патничко возило „опел астра” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(65) од Битола, удрило во 58-годишната Е.Т. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа


