Јокиќ под очекувањата, Дончиќ повреден, Денвер и ЛА Лејкерс на пораз
Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаја нов пораз на домашен терен во НБА лигата, петти во досегашната сезона, откако Хјустон ги победи со 115:101 во „Бол Арена“. Српскиот центар Никола Јокиќ имаше слаб натпревар и беше практично непрепознатлив, особено во првото полувреме, кога правеше грешка за грешка. На почетокот многу брзо се соочи со проблеми,









