Мицотакис се повредил по пад од велосипед
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по велосипедска несреќа. Според локалните медиуми, Мицотакис отишол во болницата за итни случаи откако паднал од велосипед. Тој претрпел повреди на раката и мали гребнатини, објави „Катимерини“. По добивањето на прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата.










