Фицо оваа недела во Пекинг: „Се гради нов светски поредок“
Словачкиот премиер Роберт Фицо оваа недела ќе отпатува во Пекинг, каде што ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Си Џинпинг и со рускиот претседател Владимир Путин, во рамки на одбележувањето на годишнината од Втората светска војна. Според официјалното соопштение, во петок Фицо ќе се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски