(Со) Стих спроти наратив: може ли поезијата да ја надгласа бучавата?
Во време кога светот сè погласно комуницира преку кратки форми, политички наративи и алгоритамски филтри, поезијата повторно се враќа како простор за отпор, сомнеж, лична вистина и критичка мисла. Шестото издание на Скопски поетски фестивал се одржува во глобален контекст обележан со војни, дезинформации, политички поларизации и брза дигитална потрошувачка










