Просечната плата расте, а синдикалната кошница останува празна
Во септември просечната нето плата во Македонија достигна 45.466 денари, или околу 740 евра. Според најновите податоци, тоа е зголемување од само 115 денари во однос на август – раст од 0,3 проценти. Многу поимпресивно изгледа годишната бројка: платите се повисоки за 9,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а кумулативно, за првите девет месеци






