Петрушевски: Срамна пресуда за Модуларната во Тетово, спротивна на правото и правдата, а во согласност со волјата на Филипче и Ахмети
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на пресудата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, барајќи целосна одговорност од надлежните институции. - Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово. По ваква пресуда, ни останува