Маж од Дојран приведен под сомнение за обљуба врз 25-годишна девојка
Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава до обвинителството од овој град против И.С. (34) од Нов Дојран, кој се сомничи дека извршил обљуба врз 25-годишна девојка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил на 20 ноември 2025 година во атар на село во општина Дојран. Мажот бил приведен и изведен пред судија










