Општина Битола: „Есенскиот крос“ обедини околу 500 ученици во Градскиот парк
Околу 500 ученици од битолските основни и средни училишта учествуваа на „Есенскиот крос“, кој денеска се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на младите да ги покажат своите спортски способности, да се дружат и преку натпреварувањето да испратат порака за значењето на физичката активност и здравиот начин










