Маж пронајден починат во стан во Охрид
Вчера во 17:50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во стан во Охрид, починат бил П.С.(76) од Ресен. При извршен увид, лекар од Итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.










