Младите уметници од Европски универзитет – Скопје го именуваа премолченото
Изложбата „Дисторзии“ на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје, која беше отворена вчеравечер во Младинскиот културен центар во Скопје, го привлече вниманието на љубителите на современата уметност, како и на пошироката културна јавност. Посетителите имаа можност да видат разновидни дела што експериментираат со форма,





