Струмица ја одбрани титулата
Фото: Маја Јаневска-Илиева ОДБОЈКА – ПРВА ЛИГА, МАЖИ Машката сениорска одбојкарска екипа на Струмица ја одбрани титулата во Првата лига, откако во четвртиот натпревар со 3-1 во сетови (25-21, 25-19, 16-25, 25-23) славеше над Штип УГД и со вкупни 3-1 во победи ја доби финалната серија. За струмичани тоа е осма шампионска титула во низа или вкупно 12-та