СДСМ: Мицкоски лаже – исплатите од ИПАРД не ги стопира тој, туку европскиот механизам за финансиска контрола
Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија, велат од СДСМ. „Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки






