Иран го демантира Трамп за преговори со САД за прекин на војната
Иран денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете земји водат „продуктивни“ преговори за прекин на војната на Блискиот Исток. „Техеран нема никаков контакт со Трамп, дури ни преку посредници“, објавија државните новински агенции Фарс и Тасним, кои се блиски до Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда.










