„Дамата со камелии“ на 28 ноември во Националната опера и балет
Љубовта, страста и жртвата ќе оживеат на сцената на Националната опера и балет на 28 ноември, со почеток во 19:30 часот, кога ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди. Инспирирана од познатата љубовна приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува нивната трагична судбина преку танц, музика и сценски






