ОД ДЕБЕЛКО ДЕТЕ ДО ШЕФ СО ИЗГЛЕД НА ФИЛМСКА ЅВЕЗДА Гастро-приказна од Либан во центарот на Скопје
Либанскиот шеф Жад Зијаде го запознавме во новиот ресторан („Форца Фужн“) во центарот на Скопје. Првиот впечаток ни беше дека повеќе личи на филмска ѕвезда отколку на готвач. Наместо вишок килограми, стомак или барем елегантна пополнетост, како повеќето готвачи, шеф Зијад се појави од кујната со совршено средена брада и холивудска насмевка, висок и