Марин Петков заминува во НЦАА, ќе игра за Охајо
Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Марин Петков заминува во НЦАА лигата. Тој следната сезона ќе настапува за екипата на Универзитетот во Охајо. 23-годишниот Петков изминативе години имаше одлични настапи за шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Неговата агенција го потврди трансферот.

