Седум години без Димитар Чемков-Циме, легенда на македонското музичко новинарство и дел од култните „Бисери“ и „Бис Без“.
Димитар Чемков, попознат како Циме, е роден на 2 февруари 1942 година во Скопје. Тој беше значајна фигура во македонската рок-музика, композитор и доајен на музичкото новинарство во Македонија. Бил активен член на двете најпознати рок групи од 60-те години, „Бисери“ и „Бис Без“. Работел како музички новинар и уредник цели 37 години во редакцијата на


