Амал и Џорџ Клуни блеснаа во Лондон: Таа во гламурозен златен фустан, тој како вистински холивудски џентлмен – Видео
Холивудскиот миленик Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни повторно украдоа внимание на црвениот тепих, овојпат на свеченото одбележување на 50-годишнината на The King’s Trust во Лондон. Познатиот пар пристигна насмеан и видно расположен, а нивното појавување уште еднаш потврди зошто важат за еден од најелегантните и најхармонични парови во светот








