Во Скопје одбележан Меѓународниот ден на јогата
Со заедничка јога-сесија во Градскиот парк во Скопје, Индиската амбасада во Северна Македонија го одбележа Меѓународниот ден на јогата, глобална иницијатива која ги промовира физичкото и менталното здравје, внатрешната рамнотежа и здравиот начин на живот. На настанот, одржан кај Школка во Градскиот парк, учествуваа бројни граѓани, љубители на јогата,









